Релативно куса беше денешната 56 седница на Советот на Општина Битола. Извештаите за работата на основните училиштата лани и плановите за следната година доминираа како точки од дневниот ред.
На крајот беше и гласањето за училиштата, а во овој прилог на почетокот ќе соопштиме како беше гласањето. Овој пат немаше кој директор од која партија е туку вака се гласаше.
Програмите за работа за следната учебна година беа изгласани со гласови и од десната и од левата страта, извештаите на училиштата за работата во претходната учебна година поминаа со гласовите од десно и лево, СДСМ беше воздржана за многу училишта, а со „за“ се приклучи на остантите советнички групи само за училиштето „Стив Наумов“ и „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица.
Сега се враќаме на почеток, а почнаа со фотоволтаиците. Советничката Захариевска-Ралевска зборуваше за донациите, а на ова реагираше Бојкоски оти не станувало збор само за едно училиште и само за донации.
И советничката Павловска реагираше за забелешките за фотоволтаиците.
На ред дојде спортската сала во Бистрица, каде реагираше Корлевски оти само се сликале, а сала нема.
Бојкоски постети на како што рече, спиновите на СДСМ дека се работело само за реконструкција на кровот и кажа дека салата ќе се изгради.
Наумовска потсетуваше што направила владата на СДСМ, а Бојкоски возврати дека претходната локална власта на СДСМ не била способна ниту проекти да направи.
Се претпостатвуваше дека партиите и преку оваа седница ќе се обидат да кажат која партија е позаслужна за Битола. Не дека на другите седници тоа не се правело, но сега во пресрет на новите локални избори, тој предизборен фолклор се засилува.
Седницата заврши, а најверојано ќе треба да се видат на уште една, па да се збогуваат.












