Украинските власти соопштија дека ќе им дозволат на мажите на возраст од 18 до 22 години да патуваат во странство, што им беше забрането од почетокот на војната во февруари 2022 година, пишува агенцијата МИА.
Забраната важеше за сите мажи на возраст од 18 до 60 години, со одредени исклучоци, а неколку илјади од нив се обидуваа нелегално да побегнат од земјата секоја година, што беше опасно по живот.
Oдлуката се однесува и на граѓаните „кои моментално се наоѓаат во странство“, а кои отсега можат да се вратат во Украина, како и повторно да ја напуштат.
Од почетокот на војната во Украина, над 5,6 милиони луѓе заминале во странство, од кои огромно мнозинство се во земјите низ Европа, според податоците на Обединетите нации.













