Во трката за советничко место за идниот состав на Советот на Општина Битола до синоќа до полноќ кога заврши рокот за собирање потписи, во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола вкупно се собирале потписи за три независни советнички листи.
Како што соопшти Државната изборна комисија потписи за независна советничка листа собирале Зоран Лазаровски-Паљо со пет потписи, потоа листата на Миле Трајковски исто така со 5 потписи и листата на Петар Котевски со 3 потписи.
Еден од условите за да се влезе во оваа изборна трка е најмалку два потписи за кандидирање.
Рокот за доставување на кандидатурите до Општинската изборна комисија е 13 септември 2025 година, до 24 часот, по што ќе се одлучува за потврдување на истите.














