ТЕРА

REKLAMA???

СОЛЗАВЕЦ И ШОК БОМБИ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО НОВИ САД

Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и со нив беше и ректорот Дејан Мадиќ. Зградата на Ректоратот беше под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата, јавува агенцијата МИА.

Српската полиција и жандармерија употребија синоќа солзавец и шок бомби во обид да ги растераат учесниците на протестот пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад.

Според српски медиуми, бројни полициски сили се обидуваа да го испразнат кампусот од студенти, професори и граѓани, по мирниот протест.

Министерството за внатрешни работи на Србија еден час претходно соопшти дека имаат сознанија дека учесниците на ненајавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата стационирана пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во тој град.

Во Нови Сад синоќа се одржа протест, на кој повикаа студентите во блокада, а како причина го наведоа кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование (ФФК).