Националниот парк „Пелистер“ организира бесплатен превоз заради зголемениот интерес за настанот “Пелистерски Вајб” кој ќе се одржи утре на Денот на независноста „8-ми Септември“
Организаторите на настанот во соработка неколку автобуски превозници обезбедија бесплатен превоз.
Заинтересираните ќе имаат две опции за користење на бесплатен превоз и тоа:
-поаѓање во 11:00 часот од Битола со враќање за назад во 15:00 часот,
-поаѓање во 16:00 часот од Битола со враќање за назад во 21:00 часот.
Сите заинтересирани да се пријават на линкот најдоцна до 07.09.2025(недела), 12:00 часот.