Од Противпожарната еденица на Битола информираа дека синоќа по примена дојава во 19:40 часот, благодарение на брзата и ефикасна интервенција на ТППЕ Битола заедно со Националниот парк „Пелистер“, изгаснат е пожар каде беше зафатена трева и нискостеблеста шума над селото Ѓавато кој, како што стои во информацијата од противпожарната единица, беше закана за го зафати Националниот парк „Пелистер“.
Пожарот е целосно изгаснат во 22:00 часот од екипите на ТППЕ Битола која интервенираше со 3 возила и 7 пожарникари.
Фото: ТППЕ Битола