ТЕРА

REKLAMA???

107 ГОДИНИ ОД ПРОБИВАЊЕТО НА СОЛУНСКИОТ ФРОНТ

На српските гробишта во Битола викендов беше одбележан 15-ти септември Денот на пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на одбележување на српското единство, слобода и националното знаме.

„Еве одбележуваме 107 години од пробивањето на Солунскиот фронт и одбележување на Денот на српското единство, слобода и национално знаме. Тука сме да оддадеме почит на јунаците кои се тука закопани, а на академијата во Офицерскиот дом ќе ги одбележиме исто така овие два празници и 30 години од постоењето на нашата заедница овде во Битола“, вели Зоран Жугиќ претседател на Заедницата на Срби во Македонија-Битола.

На церемонијата полагање венци и оддавање почит на загинатите војници, се поклонија пратеници од Собранието на Србија и од Собранието на Македонија, потоа делегации од владите на Србија и на Македонија.

„Местото не е ни непристапно, тоа е исклучително место, тоа е едно од најубавите места на светот, мене луѓето ми се чудат кога јас тоа го кажувам. Прва работа, природата е убава, Кајмакчалан е исклчутелно убава планина, од неа имате величествен поглед и во рамките на тоа кога ќе помислам дека тука е водена една голема битка во која загинаа и беа повредени 4600 војници и офицери, секако дека таму беа и припадници на црногорската војска. Кога ќе се качите на Кајмакчалан на 2521 метар кога ќе ја видите црквата, капелата, а таму е и спомен костурницата и знаете дека во таа спомен костурница почиваат јунаците кои се бореле за слободата на твојот народ“ вели Душан Мариќ, пратеник во Собранието на Србија.

Во име на владата на Србија, почит оддаде државниот секретар Зоран Антиќ во придужба на претставници на амбасадата на Србија во Македонија.

„Моите пријатели и браќа од Македонија велат дека минатата година по Денот на примирјето можеби бевме единствената делегација која што беше во Крушево да се поклони на борците на Крушевската Република и на истакнатиот Питу Гули. Ние во Србија ја почитуваме чесната и херојска борба на македонскиот народ против отоманлиската империја бидејќи со крв скапо ја платиле својата слобода. Својата слобода ја плативме и ние на овие простори сакајќи да се вратиме во својата татковина после опоравувањето на Крв, во Солун и други места и ја доживеавме таа слава и таа чест господ да ни подари сила и моќ на 15 септермври на пробивањето на Слоунскиот фронт нашата војска да се врати во татковината“ истакна Антиќ.

Свежо цвеќе положи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и делегации на Заедницата на Србите во Македонија од Битола, српскиот конзул во Охрид, здруженијата на Србите во Македонија, Република Српска и Црна Гора.

„Битола како мултикултурен, мултиетнички град со длабоки корени, со длабока истоја меѓу кои еве и овие денови кои што ги одбележува Заедницата на Србите со која имаме исклучително добра и плодна соработка и како Општина Битола, да ги одбележиме нивните јубилеи, еве и 30 години од постоењето на Заедницата на Србите, меѓутоа и пробивањето на Солунскиот фронт, на свечена акдамија во Офицерскиот дом, по повод Денот на српското единство и национално знаме. Велам да ги почитуваме меѓусебните празници, меѓутоа и да оддадеме почит на сите загинати на овие фронтови, на оваа линија на фронтот, меѓу кои и многу Македонци, на повеќе страни од воените дејствија“ рече градоначалникот на Битола.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. За следниот ден беше планиран маршот до Кајмакчалан.