ТЕРА

REKLAMA???

В НЕДЕЛА И В ПОНЕДЕЛНИК НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ДО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 л/м2) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 км/ч). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.