На денешната седница на Уставниот суд предвидено е да се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година бр.08-1708/1 од 17.08.2025 година донесен од Државната изборна комисија.
Подносители се Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.
Во соопштението од Уставниот суд се вели дека во наводите во иницијативите се вели дека во иницијативата поднесена од Здружението „Светски македонски конгрес”, подносителот наведува дека со донесување на оспорениот Правилник е напревена повреда на Изборниот законик и член 8 став 1 алинеја 3 и 5, членовите 22, 23, 51, 54, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.
Во иницијативата поднесена од Стевче Стојанов е наведено дека со оспорениот правилник се повредени член 8 став 1 алинеја 3, членовите 51, 61 и 68 став 1 елинеја 2 од Уставот. Според наведеното во иницијативата, во точка 4 од Правилникот, Државната изборна комисија уредила норма за поддршка на кандидатска листа за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник поднесени од “група избирачи” која треба да биде потпишана од најмалку двајца избирачи и со тоа уредување, ДИК излегла надвор од законските рамки и се ставила во улога на Законодавач, стои во информацијата од Уставниот суд.












