ТЕРА

REKLAMA???

АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

Амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. г-динот Мартин Памер, оствари официјална посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, соопштија од ректорката управа.

„Во пријатна и конструктивна атмосфера, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, заедно со дел од раководството на универзитетот, разменија информации за досегашната и идната соработка помеѓу Универзитетот и австриски високообразовни институции.

УКЛО има шест проекти што ги реализира со австриски универзитети. Три од нив се тековни, во рамки на Конкурсот од МОН за заеднички македонско – австриски научно – истражувачки проекти за периодот 2024 – 2025“ стои во информација на битолскиот универзитет.

Дополнително, на средбата со високиот гостин разгледани се можностите за унапредување на партнерства со различни фондации и академски асоцијации од Австрија