Општина Новаци ја започна имплементацијата на уште еден проект за подобрување на условите за живот во општина Новаци.
Во рамките на проектот ” Инвестиции во унапредување на комуналната и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион” се одпочна со реконструкција на посотечка улица кој се наоѓа во лоша состојба.
Со овој проект целта е да се реконструира со цел да биде побезбедна за возачите и пешаците како и да го подобри пристапот до околните објекти кои нудат услуги од економски и социјален карактер.
Реконструкцијата опфаќа улица со должина од 329 метри како и реконструкција на одводен канал покрај улицата, како и изработка на уличен сливник.
Проектот го имплементираме преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, соопштија од Општина Новаци.
Фото: Општина Новаци