ТЕРА

REKLAMA???

ФОТОГРАФИИ НА БАЛКАНСКИ РИС ИЗЛОЖЕНИ ВО ИНФОЦЕНТАРОТ НА ПЕЛИСТЕР

Од денеска во соработка со Македонско еколошко друштво во Инфоцентарот на НП Пелистер е отворена изложба од критично загрозениот балкански рис.

Изложбата се состои од 21 фотографии напревени со методот на фотозамки во текот на изминатите 18 години. Фотографиите се направени во природните живеалишта на рисот, претежно од западниот дел на Македонија и од делови на Албанија и Косово и во рамки на различните научно-истражувачки активности на здружението.

Паралелно со изложбата денеска се одржа и едукативно-информативна сесија за балканскиот рис од експерти на Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“. Заложбата за заштита на рисот во Македонија започнала од 2006 година кога и членовите на здружението почнале да го користат методот на фотозамка. Во државава има уште 30 рисови, 40тина во југозападен Балкан, вели Димче Меловски од Македонското еколошко друштво.

Овој тип на активности помагаат за промоција на НП Пелистер и зголемен број на посетители, но истовремено помагаат за јакнење на свеста кај сите возрасни категории за важноста да го сочуваме екосистемот во кој и ние живееме, вели Иванчо Тошевски, директор на националната установа.
Фотографиите ќе бидат изложени во Инфоцентарот до 8 октомври годинава, од каде оваа изложба ќе биде поставена во НП „Галичица“.