Националниот парк „Пелистер“ 6 октомври во соработка со Општина Битола и институциите кои се дел од системот за управување со кризи ќе организираат Симулациско – показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери.
Вежбата ќе биде организирана на локално и регионално ниво.
Цели на вежбата ќе бидат:
– справување со пожар на отворен простор
– увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување
– целосна операционализација на инцидент – команд системот
– организирање и вршење на евакуација на население, давање тријажа и прва помош на повредени
– увежбување на институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација помеѓу институциите
Вежбата ќе се реализира на локација на превој Ѓавато со почеток во 12:00 часот, информираат од Националниот парк „Пелистер“.











