ТЕРА

REKLAMA???

500 КАНДИДАТИ ИМ ВЕТУВААТ НА БИТОЛЧАНИ ПОУБАВА БИТОЛА – ШТО БАРААТ ГРАЃАНИТЕ

Битолчани со различни очи гледаат на градот. За некои градот напредувал, за некои не. На стартот на предизборната кампања кога дури 500 кандидати во Битола ќе им ветуваат поубав град, ги прашавме кои се најважните проблеми кои веднаш по изборите треба да ги решава градоначалникот кој ќе ја добие нивната доверба.

Прашавме кој е главниот проблем што ги мачи граѓаните и што е приоритет број еден за Битола по изборите?

Најголем дел од нив бараат почиста општина, како во градот така и во селата, решавање на проблемот со дивите депонии, бараат нови улици и повеќе паркинг простори.

Одговорите на граѓаните покажуваат дека битолчани не бараат чуда, бараат само институциите да си ја вршат работата за која се платени.