ТЕРА

REKLAMA???

ВАЈПИНГОТ-ВОВЕД ВО НОВАТА ЕРА НА ТУТУНОТ

Поскапувањето на цената на цигарите во Македонија не е проблем за пушачите – и за богатите и за сиромашните. Првите знаат дека имаат скапа навика, вторите – се пребројуваат по секое поскапување, но мал е бројот на тие што ги откажале заради високата цена.

Редовното усогласување на акцизите во државава што подразбира покачување на акцизите за тутунските производи на 6 месеци се случи деновиве. Па, цената на пакла цигари се зголеми за 10 денари. Новите цени веќе се применуваат во трафиките и супермаркетите низ државата. Министерството за финансии потсетува дека акцизниот календар е усогласен до 2027 година и има двојна цел: да обезбеди дополнителни приходи во буџетот и истовремено да придонесе за намалување на бројот на пушачи.

Но, во Македонија по онаа поп песната – пушиме , гајле си немаме. Најновото поскапување ги натера некои само да размислат да го променат брендот со поефтин, но не и да ги откажат. Статистиката за која денеска се зборува низ државата, направена од тинк-тенк организацијата „Аналитика“ вели дека  40% од младите до 18 години се пушачи, а многумина ја почнуваат оваа навика на 13-годишна возраст. Овие загрижувачки податоци беа објавени на регионална работилница во Скопје, каде експерти и владини претставници дебатираа за итни мерки. Ова подразбира и дека светот на државава гледа како на земја во која има сериозен јавно -здравствен проблем. Државата, во прв ред Министерството за обрљазование најави нов изборен предмет насочен кон учење за здравјето на човекот и тоа во основните училишта – директно на возраста која започнува со пушење на цигари.

Зависноста на никотин се стимулира и со лесната видливост и достапност на различни „модерни“ никотински производи – вајп, електронски цигари и слично. А и фактот дека се поголем е бројот држави кои го легализираат користењето на марихуаната и канабиноидните производи, не само за медицински цели. Употребата на е-цигари е во пораст кај младите луѓе во Европа, при што 22 проценти од 15- и 16-годишните ученици редовно користат електронски цигари, според извештајот од 2025 година објавен од Еуроњус на темава. Вели, „Во ерата кога е-цигарите се продаваат како „побезбедна“ алтернатива на пушењето, ова сугерира дека светот ја живее новата ера на тутун.“ Заради ова некои држави започнаа да носат рестриктивни закони. Како шпанија, кадешто пушењето и вајпувањето на јавни простори е забрането.

Овие производи носат скриена опасност. Затоа што во земји како нашата, пушењето цигари има пошироко значење. Се пониска е долната граница на децата кои користат и нудат дроги, што индиректно се поврзува со лошата навика на пушење цигари. Кон средината на оваа година, МВР избројало 130 деца корисници на дрога за 2023 и половината од 2024 година. Тогаш беше откриен и податокот дека најмалото дете кое е зависник од дрога во државава е на 5 годишна возраст.