ТЕРА

REKLAMA???

„А САД АДИО“ ИЛИ СО ЗДРАВЈЕ

58-та, а со тоа и последна седница на советот на Општина Битола ќе се одржи утре. Ова значи дека овој состав на Советот во овој мандат одржа вкупно 58 редовни и повеќе вонредни седници. По многу нешта овој состав беше различен од сите претходни, па така и по многуте вонредни седници. Поголем дел од нив се случуваа во втората половина од мандатот.

Ќе остане запаметен по како што велат некои, нивото кое го допреа на моменти и дното по својот интегритет на институцијата. Тоа дека партиски се препукуваа не е нешто на што не сме навикнати, но само покажаа дека се партиска гласачка машинерија, а не тело кое има свој интегритет во носењето на одлуките.

Кога ќе згустеше работата за некоја точка, договарањата беа во двете врати, лево и десно од претседавачкото место.

Ова беше Совет кој имаше две мнозинства. Во првиот дел од владеењето мнозинството беше на десната страна гледано од претседавачкото место, со гласови и од левата страна, а во втор дел од мандатот мнозинството беше на левата страна со дел од десната страна, а на моменти се правеше  мнозинство и од лево и од десно и се беше по битолски кажано избуричкано.

Условно речено на прсти се бројат точките за кои биле едногласни. Кој да го прашате дали се пазареа, ќе ви речеа не, но политичките финти со амандански интервенции, особено во буџетите и ребалансите и развлекување на амандманите за проекти во реализација во некоку години, беше лесна читанка за да бидат прочитани.

Имаше многу долги седници, со многу паузи, но имаше и рекорно куси седници, па и комисии кои траеа покусо и од најдолгото стори на социјалните мрежи.

Толку многу навреди, кавги, деградирања, понижувања, што го правеше Совет за кој надалеку низ Македонија се слушаше, а сега ќе се соберат, за да ја усвојат Декларацијата за одржување на чесни, слободни и демократски избори. За некои ова е фарса од невидени размери.

Само неколкумина од овој актуелен состав имаат условно речено добитни места на советничките листи за идни советници.

Дали салата во која што работеа, оти и таа и со мебелот и со техниката не ги додржа, односно попушти, ќе се реновира во овој период додека ќе остане празна, засега не знаеме, а беше кажано дека ќе подлежи на реновирање, тоа е едната дилема, а другата е дали после се што си кажаа во изминатите години, по битолски или старски речено ќе удрат едно кадро ( заедника фотографија) за паметење, тоа ќе го видиме утре.

Ако треба со музика да се заврши овој прилог изборот беше, „А сад адио“.