ТЕРА

REKLAMA???

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ ВО БИТОЛСКИОТ РЕГИОН

Денеска во Битола се одржа завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“ имплементиран од ГАУС Институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола, во партнерство со Фондацијата „100 проценти од обновливи извори” од Берлин, Германија.

На завршната конференција беше презентирана физибилити студија за пренамена на изворот на енергија за системот за централно греење во Битолскиот регион во обновливи извори на енергија.