ТЕРА

REKLAMA???

И СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ВО БИТОЛА ДО 12 СТЕПЕНИ

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Утринската во Битола -1, а дневната до 12 степени.

Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.