Последните снимки од терен што ги евидентира камерата на Тера телевизија покажуваат дека завршниот слој асфалт на улицата „Панде Кајзеро” сè уште не е нанесен. Жителите од овој дел на Битола во неколку наврати
реагираа во поради бавното темпо на преод од подземна фаза кон финално уредување на коловозот. По комплетирањето на подземната канализациона инфраструктура и официјалното заведување на проектот за патна обнова во општинските планови на почетокот на годинава, динамиката на изведба на терен се соочи со одредени доцнења: наместо нов асфалт, по завршувањето на роковите за подземните инсталации, подлогата на улицата подолг период остана порамнета само со чакал и ризла.
Проектот за реконструкција на улицата „Панде Кајзеро” во Битола опфаќа целосно обновување на инфраструктурата, поделено во две клучни фази: темелна реконструкција на канализационата мрежа и последователна обнова на коловозот.
Во моментов, сообраќајот на локацијата сè уште се одвива во отежнати услови.











