ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ САНИРАЊЕ ДУПКИ ВО БУКОВСКА НАСЕЛБА, ПОВЕЌЕ ХИГИЕНА ВО НОВА БИТОЛА

Санирање на ударните дупки на улиците во Буковска населба. Ова го побараат жителите на оваа битолска населба вчера кога ги посети возилото на Тера телевизија во рамките на иницијативата „Глас на народот“.

Еве каква слика затекнавме таму. Жителите стравуваат дека дождливото време, а и ниските температури и снегот во текот на зимата дополнително ќе ја влоши ситуацијата.

Нашето возило вчера го посети и ренот на Нова Битола. Со цел да бидеме на најфреквентните места каде ќе бидеме достапни за граѓаните го посетивме новиот пазар. А таму еве каква беше атмосферата – сообраќаен метеж и битка за паркинг место.

Она на што се пожалија граѓаните е хигиената. А што можеше да се види на терен. Дека многумина не го одлагаат сметот во контејнерите кои се поставени за таа намена, туку веднаш до нив.

Смет има и во околното зеленило. И пристапот кон пазарот е проблематичен за оние кои доајѓаат од страната на техничкото училиште и низ улиците кои минуваат покрај некогашниот хотел Битола. Минувачите се жалат на камењата на патеката од техничкото училиште до паркингот. Се жалат на калливите улици од другата страна, како и на сметот покрај патеките.

До нас стигна и реакција за малата уличка спроти битолската болница која води до улицата Мирка Гинова. Жителка на оваа улица бара сообраќајно решение по мерка на граѓаните.