Наша сограѓанка бара од луѓето што ќе бидат избрани да го водат градот во следните 4 години брза реконструкција на улиците.
Во фокусот на нејзиното внимание е брзината со која се реконтруираат улиците во градот. Улицата Панде Кајзеро се наоѓа во Ушици и е последната која што излегува на патот што води кон Еврејски гробишта. Реконструкцијата започна ова лето. Предмет на реконструкција беше канализационата линија, којашто, како и улицата, се состои од два краци.
.„ Кракот 1 се протега од југ кон северозапад, започнувајќи од постоечка ревизионa шахта на улицата „Илинденска”, каде што се влива, а завршува непосредно пред кривината, во должина од 309,70 метри.“ – информираше изведувачот. Крак 2 се протега од запад кон исток, започнува од постоечка ревизионa шахта на улицата „7-ми Јули”, во која се влива, а завршува непосредно пред кривината, со вкупна должина на трасата од 50,80 метри. При изведбата на канализационата линија, предвидено е постоечките бетонски цевки да се отстранат и да се заменат со нови коригирани ПЕ цевки, класа SN 8, со внатрешен пречник од 300 мм. Со финансиска поддршка преку истиот повик од Владата, по завршувањето на реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа, во втората фаза, која е отпочната со отстранување на постоечката калдрма, ќе следува изградба на коловоз во должина од 380 метри, во вредност од 5.385.770 денари.
Жителите реагираат дека од моментот на почнување со работи очекувале дека улицата ќе биде брзо асфалтирана или, барем донесена до тамппон. Есенската сезона исполнета со дождови ја донесе улицата во ваква состојба , којашто не само што е лоша слика, туку е и небезбедно, јавните претпријатија како Комуналец не можат да поминат, а и сопствениците на автомобили се нервозни. Пензионерите кои живеат на улицата не можат самостојно да ги завршат секојдневните работи.
Па сугерира, планското и брзо работење налик на примерите од светот кога цели автопатишта се градат за еден ден, да биде пракса и за луѓето кои ќе бидат избрани да го водат градот во следните 4 години.