ТЕРА

REKLAMA???

ГЛАСАЊЕТО ВО БИТОЛА СЕ ОДВИВА МИРНО И БЕЗ ЗАСТОЈ

Иборниот процес денеска во Битола се одвива мирно и согласно изборните правила.

На местата кои што ги посетивме од избирачките одбори не информираа дека избирачките места биле отворени навреме, по што гласањето се одвива во најдобар ред.

Еве каква беше атмосферата во основното училиште Коле Канински каде се наојѓаат повеќе избирачки места, а кои ги посети нашата екипа. Гласачите уредно доајѓаа на гласачките места, а од избирачките одбори потврдуваат дека сите веќе добро ја познаваат процедурата на гласање.

Во овој изборен циклус има подолги гласачки ливчиња заради поголемиот број кандидати, но од избирачките одбори велат дека гласачите добро се справуваат и со тоа.

Мирно и во најдобар ред се одвиваше и гласањето на избирачките места лоцирани во основното училиште Стив Наумов во Битола.

Покрај избирачките одбори на терен се активни и набљудувачите како дел од целиот изборен циклус.