ТЕРА

REKLAMA???

НА НЕКОЛКУ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА ВО ГРАДОТ

Денот на гласање е најважниот дел од изборниот процес кога се работи за граѓаните. Тогаш тие својата власта ја даваат на тие кои најмногу им веруваат. Тоа е денот кога во демократските општества училишта и библиотеки стануваат избирачки места. Училишните клупи стануваат бироа кадешто се сместени сите апарати, избирачкиот список, гласачките ливчиња , уредите за проверка на отисокот. Библиотеките имаат лисја, но гласачки листови на кои има имиња на политички партии и кандидати од кои ретко кога се објавени автори.

Процесот се одвива по одреден ред. Најпрвин се проверува идентитетот на гласачот, потоа се бара во избирачкииот список, ги добива гласачките ливчиња и зад параван со сино пенкало треба да ги заокружи броевите на кандидираните на кои најмногу им верува дека ќе ги застапуваат интересите.

Вообичаениот џагор на ученици или читатели, сега е заменет со тивко шепотење на сите кои ја проверуваат својата улица пред бројот на избирачкото место.

Најпрвин бевме во националната установа Универзитетска библиотека. Припадниците на секторот за внатрешни работи се тука како предупредување дека се одвива посебно важен процес за државата. Тука има две избирачки места.

Во ОУ Трифун пановски пак има 7 избирачки места. На сите избирачки места, во целата држава има набљувувачи од политичките партии, но и од  ОБСЕ. Според мисијата во Скопје, за овие избори се ангажирани 24 долгорочни и 250 краткорочни набњудувачи. Според познатите правила, денеска немаа никаков коментар за медиумите.

Избирачките места ќе се затворат во 19.00 часот.   До крајот на денот продолжува администрирањето на изборите – пребројување, пишување забелешки, нивно поднесување, реакции на набљудувачи и , вообичаено, прес конференции на тие кои сметаат дека добиле поголем број гласови од своите изборни противници.