ТЕРА

REKLAMA???

ДИК ГИ ОДБИ СИТЕ 57 ПРИГОВОРИ ЗА ПРВИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ

Државната изборна комисија ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека решенијата за одлуките на ДИК во однос на приговорите ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок и по приемот подносителите имаат право на второстепена правна заштита, на тужба пред Управниот суд.

Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, за 11 беа пристигнати приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат по одлуката на Управен суд. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.

Како што информираше Кондарко оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници.

За конечноста за резулатите за избор на советници во општините, ДИК објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19 октомври за избор на советници во општините и во сите овие 64 општини гласањето во првиот круг е завршено и конечни се резултатите.