ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ВЕТЕР КОРНЕШЕ ДРВЈА НИЗ БИТОЛА

Големо дрво откорнато од корен и паднато на една од патеките во градскиот парк во Битола сведочи за тоа што се случувало за време на синоќешното невреме во градот.
Под налет на силниот ветер со кој ноќеска беше зафатена Битола ова дрво не успеало да издржи по што е откорнато вуквално од корен.

При падот со својата голема тежина дрвото ја приснало и блиската канта за отпадоци која денеска можеше да се види дека е смачкана.

За среќа се се случувало во доцните ноќни часови кога во паркот речиси и да нема движење така што никој не е повреден.

Сепак граѓани сведочат дека силниот ветер некаде беше причина и за материјални штети. Така во Нова Битола стебло паднало врз автомобил притоа предизвикувајќи штети.

Денеска на повеќе локации низ градот, а најмногу во парковите може да се забележат искршени гранки кои ветрот ги расфрлал наоколу.

И комуналните работници денеска ги затекнавме на терен како ги расчистуваат паднатите лисја кои Битола веќе ја обоија во жолти и црвени тонови.

Така, денешното убаво време и темератури дури и до 18 степени го враќаат градскиот лик во нормала.