Битолска „Галина“ се закити со признанието Бизнис Лидер. Се работи за битолска компанија која се занимава со лон произвидство на текстилни производи. Сопственичката Роза Василевска деновиве го прими признанието за бонитетна успешност.
„Наградата е од Бизнис лидер, проект чиј главен фокус е да им оддаде признание и да ги мотивира, но и да ги поврзе бизнис лидерите, претприемачите и инвеститорите. Критериумите се строги со цел да се препознаат компаниите кои оствариле највисок и најстабилен раст во изминатата деловна година.“-вели Роза Василевска, сопственик на фирмата Галина.
Како резултат на континуираните резултати Галина втора година по ред го добива ова признание.
Василевска вели дека вработените се тие кои се најзаслужни за наградата.
Наградата е чест, но и обврска за создавање на подобри работни места и подобри резултати во иднина.
Василевска вели дека е особено горда и на признанијата на локално ниво кои покажуваат дека компанијата е препозната и во својата заедница. Такво е признанието од манифестацијата Креативен ден, како и од Советот за женско претприемништво.
Оваа битолска компанија извезува во Германија, Англија, Холандија и Франција.
ПРИЗНАНИЕ БИЗНИС ЛИДЕР ЗА БИТОЛСКАТА КОМПАНИЈА ГАЛИНА



















