Битола и битолчани се мојата инспирација, вели ликовниот уметник Панде Петровски, кој е добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело за 2025 година што ја доделува градот Битола. Наградата доаѓа како круна на неговото творештво долго над 65 години.
Уште како мал на книжна кеса со помош на јаглен го нацртал неговиот татко. Тоа била неговата портрет карикатура, по што почнува неговото ликовно творештво.
Петровски е автор на неколку илјади дела изложувани на над 40 самостојни и над 200 колективни изложби во земјата и странство.
Петровски работел и како новинар, педагог, афористичар и карикатурист. Исто така тој е еден од оснивачите на Друштвото на ликовни уметници на Битола.
БИТОЛА Е МОЈА ИНСПИРАЦИЈА, ВЕЛИ ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА 4-ТИ НОЕМВРИ













