ТЕРА

REKLAMA???

ДЕПОНИЈА НАД УЧИЛИШТЕТО КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ГО ЗАГРИЖУВА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ

Уште една реакција деновиве пристигна до телевизија Тера. Овој пат граѓани се жалат поради дива депонија која што се наоѓа во близина на основното училиште Климент Охридски во Битола. Велат дека тоа е првата глетка од нивните балкони и дека не им е пријатна.

Нашата екипа веднаш излезе на терен. Се работи за локацијата до мостот кој се наоѓа во близина.

Она што може да се види е дека несовесни граѓани оваа локација ја користат за одлагање на смет. Овде се фрла се и сешто. Од искористени конзерви и лименки, до најлони, стари гуми, па дури и ќебиња.

Локалните жители стравуваат дека ваквиот проблем носи ризици по здравјето. Посочуваат дека од тука минуваат секој ден по неколку пати дневно кога излегуваат за на работа или се враќаат. Од тука поминуваат и голем број ученици кои се школуваат во локалното училиште.

Затоа бараат брзо решавање на ваквиот проблем. Велат доколку просторот се уреди како зелена површина со хортикултурно уредување веројатно тоа же ги одврати несовесните граѓани да фрлаат смет во депонијата, за која велат дека од ден во ден расте.