ТЕРА

REKLAMA???

„ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ“

В четврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска.

Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани песни и на српси  и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од руски и од српски на македонски јазик.

Проткаена со пијано придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите на Блаже Конески. Гане Тодоровски, Анте Поповски, Оливера Андоноска, Божидар Божиноски, Далибор Ивановиќ, но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и Никола Раусављевиќ.