Денеска се навршуваат точно 100 дена протести низ кои жителите на преспанското село Љубојно бараат трајно запирање на сечата на шумата. Велат дека на овој начин ја штитат шумата која што всушност ги штити нив. Ова е дотолку повидливо во врнежливи периоди.
„Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот штит што со децении го чува селото од поројни води, ерозија и разурнување на теренот. Секој дожд во последниве години ни покажува колку е кревка рамнотежата. Најмалата грешка таму горе во шумата, станува најголема опасност овде долу во селото.“-вели Јове Наумовски, жител на селото Љубојно.

Посочуваат дека ќе останат обединети се додека не ја постигнат целта, а тоа е трајно запирање на сечата на шумата, посочува Ристо Кичовски, жител на село Љубојно.
Шумата над Љубојно е нашиот штит и ние бараме право на живот без страв од порој, одрон или поплава! Ова е пораката на жителите на Љубојно.
И додека малата заедница од Преспа покажа што значи да се биде обединет со цел решавање на заедничкиот проблем, поддршката пристигнува од различни страни. Денеска до нив до нив стигна и музички поздрав и поддршка да опстојат во своите настојување до конечна заштита на шумите.



















