ТЕРА

REKLAMA???

IMLEK ВО РАЦЕ НА НОВИ СОПСТВЕНИЦИ: РАСТ ИЛИ РИЗИК ЗА МЛЕЧНИОТ СЕКТОР?

Водечката млечна групација на Балканот, Imlek, влегува во процес на промена на сопственоста. Според официјално соопштение, компанијата треба да премине во сопственост на инвестицискиот холдинг на Андреј Јовановиќ и на актуелниот генерален директор, Бојан Радун. Завршувањето на трансакцијата се очекува во првиот квартал од 2026 година, по исполнување на сите регулаторни и процедурални обврски.

Од Imlek порачаа дека промената ќе овозможи нов инвестициски циклус, технолошки развој и унапредување на оперативната ефикасност. Бимилк, како еден од клучните производствени капацитети во групацијата, продолжува да работи непроменето и согласно стандардите за квалитет.

Сепак дел од јавноста и експертите прашуваат дали најавените промени значат стабилен раст или потенцијален ризик за млечниот сектор, земјоделците и повеќе од три и пол илјади фармери кои соработуваат со групацијата.

Што точно ќе донесе новата сопственичка структура останува да се види во периодот што следи.

Повеќе информации следуваат утре во Актуел на Тера Телевизија.