Големата матност на водата од Пелистер која доаѓаше до зафатите на јавното претпријатие „Водовод“ и нејзиното пренасочување во реката Драгор, беше причината за како што велат од „Водовод“ намалениот притисок со вода.
Вчера дел од граѓаните реагираа дека останеле без вода, а од јавното претпријатие велат дека немаше прекин во водоснабдувањето, туку повисоките згради се соочиле со намален присок и водата не можела да стигнe до високите каторви.
Директорот на јавното претпријатие Андеј Гинов вели дека големите количини на заматена вода, според параметрите од правилникот, не смееле да ги прифатат од зафатите во филтерницата и ја пренасочувале водата кон реката Драгор. Градот се снабдувал со вода која „Водовод“ ја пумпало од јавното претпријатие „Стрежево“.
Гинов вели дека дополнителен проблем биле и испади на струјата на пумпната станица, што предизвика проблем во водоснабдувањето. Тој вели дека со намален притисок биле високите објекти кај стара болница и на Нико Фундали.
Од синоќа состојбата почнала да се нормализира, а денеска продолжи со нормална работа системот на „Водовод“.



















