ТЕРА

REKLAMA???

ЧУЛАКОСКИ: ДОНАЦИЈАТА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗГЛАСА ПА ПОСТАВИ, А НЕ ОБРАТНО

Донацијата ја добивме неколку месеци после поставувањето замислете, вели советникот Иван Чулакоски за реализирани интервенции со кои е извршено брендирање на стадионот.

„Оваа церада или мушама како што некои ја нарекуваат е поставена за да се покрие грдата слика на стадионот. Бидејќи се занимавам со печатење на вакви церади според некоја груба пресметка ова што е испечатено овде и позади головите на стадионот некоја општа слика од 1000 до 1200 метри квадратни, е сега колку е искористено тука за челични конструкции, колку е наплатено за монтажа и која е вредноста реална на знам. Но, по некои средни нормални цени ова би коштало сигурно околу 30.000 евра да се испечати и да се постави.“-вели Чулакоски за ТВ ТЕРА.

Тој посочува дека донацијата требаше да биде прво изгласана, а потоа да се пристапи кон изведба. „Што ако ние како Совет не ја примевме донацијата, а тие веќе ја донираа. Се работи за нешто матно за што немаме се уште одговор.“-вели тој.