ТЕРА

REKLAMA???

СО ТЕМУ МАКЕДОНЦИТЕ НАУЧИЈА Е-ТРГОВИЈА, СЕГА ЌЕ ПЛАТАТ МАЛКУ ПОВЕЌЕ

Бројот на трансакции кон странски е-трговци е зголемен за 75% , а вредноста за 55%, споредувано со 2024, вели извештај на Народна Банка.  Македонските државјани во странство извршиле онлајн трансакции во вредност од 201,2 милиони евра. На домашните е-трговци од јануари до јуни 2025 им дале 231 милион евра. Странците остварија вредност од 24 милиони евра, што претставува зголемување од 40,8% во споредба со истиот период минатата година.

Според податоци објавени од Асоцијацијата за е-трговија вредноста на сите е‑трансакции во првите 6 месеци на 2025 година изнесува 456,3 милиони евра, а тоа е зголемување за нешто над 32% споредувано со минатата година. Според Асоцијацијата за е-трговија, во 2024 година онлајн трансакциите достигнале 709,4 милиони евра. Порастот на трансакциите од македонски граѓани кон странски е-продавници пораснале многу, авторите на Извештајот на оваа Асоцијација велат „најмногу кон Тему.“

 

Министерство за финансии

„Цените на производите што граѓаните ги купуваат нема да се зголемат“, уверуваа неделава од министерството за финансии, откако на средината на неделата Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлај пратки со вредност до 22 евра.

Промена нема да има затоа што платформите и онлајн продавниците и досега го пресметувале ДДВ во финалната цена, а уплатата се изведувала преку транспортните оператори. Ова заедно со непроменетиот систем на царинење овозможува само заштита на домашната економија е само мерка којашто обезбедува фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници.

 

Царина

Досега според Царинската управа пратките се делат според вредноста – до 22 евра  (некомерцијални, испратени од лице до лице) за кои нема царина и ДДВ, пратки со вредност меѓу 22 и 90 евра, ( за овие нема царина но се плаќа ДДВ) и пратки со вредност над 90 евра за кои се плаќаат и царина и ДДВ. И овие правила не важат за акцизната стока – алкохол,парфеми, тутун и тутунски производи. За пратките до одреден праг се користи „поштенска царинска декларација“, царинската вредност – основата на пресметката е „трансакциската вредност“, цената што ја платил купувачот што ја нарачал и, плаќањето на царината и ДДВ се врши пред добивањето на пратката. На ова и ДДВ од 18% ( 5% за некои стоки) се додаваат и трошоците за манипулација, транспортот итн.

 

Измените на Законот

Со измените се укинува ослободувањето од ДДВ за комерцијални пратки до 22 евра. Останува ослободувањето за некомерцијалните пратки – личните подароци кога испраќач и примач се фзички лица и вредноста не надминува 22 евра.

Ова подразбира дека доколку нарачувате од странски онлајн продавници ( Тему, АлиЕкспрес, Шеин итн) цената на производот ќе се зголеми за висината на ДДВ од вредноста на пратката. Доколку очекувате пратката да биде доставена до вашиот дом, веројатно ќе бидете претходно информирани за финалната цена, но доколку ја очекувате пратката преку пошта, бидете подготвени за повисоки трошоци од тие кои сте ги пресметале при нарачувањето.

Овие промени во македонското законодавство настанаа по анализата на информациите дека македонските граѓани го зголемиле купувањето од странски онлајн платформи за 70%. Најмногу од Тему. Македонската држава очекува околу 4 милиони денари месечно колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи, да легнат во државниот буџет.