Во текот на годината НП „Пелистер“ работеше на неколку добро позати излетнички места во подпелистерието. Меѓу нив и Цапарски вир и Ротинско езеро. Викендов , во соработка со членови на тимот Екстрим бајк, работат на проект за нивно поврзување. А планот е да бидат поврзани и со велосипедски и со пешачки патеки, вели Иванчо Тошевски, директор на националниот парк со седиште во Битола.
„Разговаравме подолго време за поврзување на инфо-центарот со Цапраска пресека , со Цапарски вир , со Ротинско езеро преку Мала и и Голема ливада, па се назад до Инфо-центарот. Значи зборуваме за еден круг да се направи којшто ќе биде од систем на патеки коишто ќе бидат покомерцијални патеки, прифатливи за пошироката јавност, значи се ова што го правием во контекст на развивање на еко – активен туризам. “ – вели Иванчо Тошевски.

Намерата не е да бидат патеки за екстремен спорт ниту само за маунт-бајк спорт туку како што самата природа налага, заокружен простор како љубителите на природата и активностите во природа да може да ја набљудуваат и да уживаат во неа. Ова е спој на работа на познавачи на планината и граѓани кои ја сакаат и сакаат нејзино правилно туристичко насочување, со можноста за максимално зачувување на природата.
„Да бидам искрен постоеле некои патеки од претходно време, имало обиди за маркирање и чистење од некои претходни генерации меѓутоа конкретна патека, пешачка или велосипедска којашто ќе биде ставена во систем на велосипедски патеки или на систем на планински патеки во рамки на НП „Пелистер“ , да направиме ГПС маркирање кадешто имаме супер опција да има и пешачка патека и велосипедска патека којашто ќе поминува низ кањонот, со тоа што пешачката патека ќе движи некаде на повисоките регии на кањонот на Цапарска река додека велосипедската патека би слегувала точно по самото течение на реката.“

Планирањето, мапирањето на оваа заокружена патека има и друга функција. Најголемиот страв на ренџерската служба, сите во Националната Установа национален парк Пелистер кои се крижат и за флората и за фауната и за секое живо суштество на планината се пожарите. Постоењето на овие патеки ќе овозможат и брза интервенција доколку некогаш е потребна.


„Ако имаме велосипедска патека којашто би не носела до село Цапари , од Цапари веќе има стари патишта коишто со помала интервенција може да се оспособат за велосипедски патеки и од Ротино повторно имаме сисем на стари патишта кои исто така може да се искористат во насока и на велосипедски патеки. Притоа внимаваме сите тие патеки да бидат и дел од еден систем за противпожарна заштита , мора да размислуваме за мултифункционлни решенија. “ – вели Тошевски.
Баба со врвот Пелистер, жителите на пелистерските села од двете страни на планината и Националниот парк со сите свои партнери и соработници од граѓанските здруженија на почетокот на декември ќе го одбележуваат Денот на планината – ден кој е вистинска можност уште еднаш да се ужива во природното, но и културното па и гастрономско богаство што го нудат селата сместени на падините на една од еколошки најчистата средина на Балканот.
















