Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење, информираат од МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека од 15:30 часот е нормализиран сообраќај на регионалниот пат Р 1307 с.Царев Двор – с.Отешево, кај с.Сирхан м.в.Пиргон (Ресен).












