ТЕРА

REKLAMA???

ДОЖДОТ РАСКОПА ДУПКИ ПО БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ

Обилните врнежи кои деновиве го зафатија и Пелагонискиот регион дополнително предизвикаа оштетувања на битолските улици.

Под влијание на временските прилики таму каде што веќе имаше дупки на коловозот истите се прошируваат.



Ваква слика може да се забележи на повеќе делници низ градот. Возачите настојуваат да ги избегнуваат дупките преку возење кое наликува на слалом движење.

 
Ваквата состојба создава потешкотии во движењето и за пешаците, бидејќи дупките се полнат со вода и минувајќи покрај нив пешаците ризикуваат да бидат испрскани од возилата кои не ја прилагодуваат брзината на движење.

Состојбата до пред извесно време беше таква и на потегот од железничката станица по патот кој води кон населбата Карпош, но таму дупките се санирани, така што сега движењето на возилата и пешаците се одвива без проблеми.