Битолчаните Иван, Јован и Марио се победници на натпреварот „Средношколец Милионер“. Тимот StayBe од Битола е победник на првото издание на натпреварот освојувајќи главна награда од 1.000.000 денари.
Тимот го сочинуваат тројца ученици од битолските средни училишта: Иван Секуловски од гимназијата „Јосип Броз Тито“, Јован Талевски од техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ и Марио Рабаџиевски од СОУ „Таки Даскалот“.
Победничката идеја, Систем 4, претставува AI-сервис за хотели кој автоматски ги анализира нивните проблеми и нуди три решенија како што се AI веб-асистент, AI телефонски агент и изработка на веб-страни.
На финалето се натпреваруваа четири тимови од Скопје, три од Битола, два од Велес и еден тим од Куманово. Викендот десетте тимови ги претставија своите идеи пред пет инвеститори. Финалистите предложија иновативни бизнис решенија со акцент на примена на AI алатки во различни бизниси. Меѓу нив најголемо внимание привлече проектот Систем 4 на побединичкиот тим од Битола.
БИТОЛСКАТА ПОБЕДНИЧКА ИДЕЈА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НУДИ БИЗНИС РЕШЕНИЈА ЗА ХОТЕЛИ


















