Радиолошките истражувања во„ Дијагностички центар Жан Митрев“ во Битола се изведуваат со најсовремена опрема. Рентгенот и компјутерската томографија помагаат во прецизно поставување дијагноза.
ПЗУ Жан Митрев Дијагностик Битола располага со најсовремена технологија за изведување на услугите Рентгенграфија и Компјутерска томографија (КТ) на локацијата ул. Север Југ бр.3 – Битола.
- Рентгенграфијата (РТГ) претставува дијагностичка медицинска метода со која се добираат слики од внатрешните структури на телото со помош на Х зраци (рентгенски зраци).
- Ова е брза и безболна метода и дава важни информации за коските и органите.
- Рентен снимања што се изведуваат во Жан Митрев Дијагностик Битола се: Ртг краниограм,Ртг синуси,Ртг носна коска,Ртг на цервикален рбет,Ртг на торакален рбет,Ртг на лумбосакрален рбет,Ртг на шака/ рачен зглоб/ лакт/ надлактица,Ртг на рамен појас,Ртг на бели дробови,Ртг на абдомен (нативна),Ртг на уринарен тракт (нативен),,Ртг на карлица со колкови,Ртг надколеница/ колено/ потколеница/скочен зглоб/ стопало.

Компјутерска томографија (КТ) претставува современа медицинска дијагностичка техника која користи рентген зраци и овозможува 3 димензионална визуелизација и дава многу по прецизни детали на внатрешноста на човековото тело, на внатрешните органи, на крвните садови и коските.
КТ се користи за дијагностицирање на скршеници, повреди, крварења, акутни состојби, проблеми со крвни садови, тумори и многу други состојби.
КТ Нативни снимања кои се изведуваат во Жан Митрев Дијагностик Битола се: КТ мозок, КТ синуси,КТ торакс,КТ абдомен,КТ калциум скоринг тест,КТ рбет ( цервикален, торакален, лумбален),КТ карлица со колкови,КТ скелет ( шаки, рачен зглоб, колена, скочен зглоб и др )…

КТ Снимања со контрастно средство кои се изведуваат се:
КТ каротидографија со церебрална ангиографија. КТ врат,КТ торакс ,КТ пулмоангиографија ( КТ крвни садови на бели дробови ),КТ абдомен со мала карлица,КТ периферни крвни садови,КТ интравенска урографија,КТ срце по кардио протокол (компјутерска коронарографија),КТ графтографија,КТ аорта,КТ серија со контраст на повеќе регии (торакс-абдомен со мала карлица),
КТ low dose е вид компјутеризирана томографија при која се користи многу помала доза на рентгенско зрачење отколку кај стандардната КТ. Техниката е иста, но апаратот е подесен да користи намалена радијација. Целта е да се намали изложеноста на зрачење, особено кај пациенти кои треба да прават повторливи контроли или млади лица.

Постапката е брза, безболна и често е прв избор во итни ситуации.
Пациентите резултатите ги добиваат брзо и навремено.
По завршувањето на снимањето ординирачкиот доктор на пациентот му ја појаснува состојбата и препорачува понатамошно лекување или оперативен третман доколку е тоа потребно.
Навремената дијагностика значи поголема сигурност , подобра превенција и правилен избор на терапија или лекување.
Најсовремениот компјутерски томограф и Рентген апарат при Жан Митрев Дијагностик Битола гарантираат безбедно искуство со минимална изложеност на зрачење, прецизни резултати за пациентите и оптимални информации за лекарите.
За закажување на консултација , РТГ или КТ снимања контактирајте ги веднаш.


















