Верниците во православната Христијанска вера го започнуваат Божикниот пост. И овој ( како Велигденскиот) трае 40 дена, претходи на празникот Христово Раѓање и, во Македонија има длабоко духовно и симболично значење.
Вториот повеќедневен пост, чијашто цел е да ги подготви верниците за речекување на Христовото раѓање според црковниот календар започнува на крајот на месец ноември и завршува на 7 јануари. Го претставува Стариот Завет иако историјата на празнувањето и до денеска не е доволно јасна. Научниците основано сметаат дека овој пост се практкува од 5 век , од Антиохија и почнувал на 1 декември, во Ерусалим пак изнесувал 40 дена. Историографски, каноните на Цариградскиот Патријарх Никифор во 9-от век ги носат првите упаства во однос на храната на оваа четириесетница.Михаил Комненски во 7 век забележува дека постот започнува во ноември.
Македонската етнологија бележи божиќниот пост граѓаните го доживуваат како момент на прочистување и подготовка за новата година. Се практикуваат многубројни народни обичаи и верувања, кои, претставуваат спој на Христијанството и паганството.
Основната цел на постот е верницита духовно но и телесно да се подготват за големиот празник Божик. Освен специфичниот режим на исхрана во кој православните од својата исхрана ги отстрануваат животинските и млечни производи и маслото, сите 40 дена се исполнети со симболиката на празникот. И календарски се празнува крајот на годината, па секој сегмент од новогодишните украсувања , всушност својата основа ја имаат во верските симболи за нов почеток – нова Нова година, ново Христово раѓање.

На секој чекор и во домовите и на тие кои не се верници има – Ѕвезда, ангели, елки и венци со свеќи.
Звездите ја симболизираат ѕвездата на Витлеем што ги водеше тројцата Мудри луѓе кон бебето Исус.
Венците се во кругови кои немаат почеток и крај – претставуваат вечност и бескрајна љубов кон Бога.
Свеќите и светилките, симболизираат дека Исус Христос е светлината на светот.
Црвената боја која е најчестиот декор во сите украси ја претставува крвта на Христос на крстот и бобинките од овошје што ги користеле за време на прославите на зимската краткоденица во антички Рим.
Елката – ја симболицира вечната надеж и секако Вечниот живот.
Божикниот пост е време кога се зајакнуваат семејните врски. Непосредно пред Бадник, денот кога се слават семејните и блиските врски.
Науката дефинира дека Божикниот пост во Македонија не е само верска обврска туку и значаен дел од културата, а обичаите што се пропратни во времето на постот ги зајакнуваат вредностите на солидарност, почит и надеж.













