На меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров кој се одржа на 29.11.2025 год (сабота) во О.О.У. Антон Димитров ,нас. Бутел на кој учествуваа 759 натпреварувачи од 15 земји, К.К. „ЗАНШИН ДО„-Битола се закити со 6 медали и тоа едно злато, две сребра и три бронзи.
Со златен медал во ката тим кадети-јуниори мажи се закитија: Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски ,со сребрен медал во ката тим кадети-јуниори жени се закитија :Леона Алиловсла, Елена Јончевска и Емилија Илковска исто така во ката јуниори жени Елена Јончевска се закити со сребрен медал, со бронзен медал се закитија : Емилија Илковска ката јуниори жени, Давид Стојчевски ката јуниори мажи и Михаил Марковски ката јуниори мажи.
Тука не застануваме , продолжуваме со подготовки за нови предизвици. Следна дестинација ќе биди Европското Првенство во Лимасол ,Кипар од 06.02.2026 год до 08.02.2026год, велат од „ЗАНШИН ДО„-Битола.
1 ЗЛАТО, 2 СРЕБРА И 3 БРОНЗИ ЗА К.К. ЗАНШИН ДО БИТОЛА
























