Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечерва во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“. Светски познатата пијанистка и јутјуб сензација Гамазда е позната по својот уникатен стил и виртуозна интерпретација, кои вечерва ќе ги презентира и пред битолската публика.
Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано.
Преку своите настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена.
Синоќа како дел од фестивалот настапи грчката музичка атракција Коза Мостра. Нивниот енергичен настап ја наполни салата и ја крена атмосферата до максимум, подигнувајќи ја публиката на нозе.













