ТЕРА

REKLAMA???

УЛИЦА КОЗАРА – КАКО НА БОЈНО ПОЛЕ

Во претстојната сезона на дождови и снегови, се поголем е бројот граѓани кои живеат на  улици кои се  реконструираат.  реагираат – долготрајноста на работите влијае негативно на хигиената на нивните домови.

Просторот зад уредот веќе подолго време е раскопан. Ниту амбулантните ниту граѓанските возила ниту пак граѓните може безбедно да се движат.  Денеска една наша сограѓанка не упати кон улицата Козара, дел од комплексот улици кои се реконструираат заедно со улицата зад уредот.  Наша сограѓанка не упати да ја снимиме. Ние тоа го направивме.

Информациите кои  досега ги сподели општина Битола говорат дека во април годинава бил потпишан договорот со изведувачот за реконстуираање и на оваа улица, а на средина од септември во реонот беше спроведен законски определениот „времен режим на сообраќај“ на улицата, што подразбира дека тогаш започнале градежните активности на конкретната улица.