Со концерт на руската музичка атракција Гамазда синоќа во Народниот театар во Битола беше затворен Фестивалот “Музика од светот“.
Заблагодарувајќи се до поддржувачите, сите кои работеа на фестивалот, а најмногу до битолската публика фестивалот за затворен го прогласи директорот на Центарот за култура Сашо Илковски.
Фестивалот се одвиваше под мотото Уметност на звукот и пред публиката донесе пет незаборавни музички вечери.
Синоќа со концерт на пијано настапи Гамазда преточувајќи рок класици во пијано интерпретации, но и познати класични мелодии како Бумбаровиот лет.



















