ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИ РЕАГИРААТ НА ТРУЕЊЕ НА КУЧИЊА ВО РЕОНОТ НА РЕМО ВО БИТОЛА

Труење на кучиња во Нова Битола сериозно ги загрижи сопствениците на домашни миленичиња. Поради расфрлан отров стравуваат како за безбедноста на своите миленици, така и за луѓето, а особено за децата.

Граѓани веќе алармираа дека биле затруени куќиња во реонот на населбата Ремо. Велат дека станувало збор за улични кучиња на кои локалното население им давало храна и се грижеле за нив.

„Паца и Луна се кучиња кои се во Ремо со години. Пораснаа со нашите деца. Некој решил денес да ги труе.“- сведочи една битолчанка која откако забележала знаци на труење односно исфрлање пена од устата на едното куче веднаш го одвела на ветеринар. Подоцна се затруло и другото куче. Него на ветеринар го однела друга сосетка.

Таа појаснува дека двете кучиња за среќа се спасени, но само затоа што некој интервенирал навреме. Други кучиња, без разлика дали се улични или домашни, доколку проблемот не се забележи навреме можеби нема да имаат толку многу среќа. Уште полошо е ако отровот стигне во контакт со човек.

Битола веќе подолго време се соочува со проблемот со голем број кучиња скитници. Регистрирани се и напади на улични кучиња врз луѓе.

Поради ова некои од граѓаните на своја рака го решаваат проблемот. Но, ваквите потези ниту се хумани, ниту оправдани.

Фото: На фотографиите се кучињата Паца и Луна кои беа затруени во реонот на Нова Битола.