ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗЕЛ СО 231 КМ НА ЧАС – БЕЗБЕДЕН ГРАД ГИ ОТКРИВА СООБРАЌАЈНИТЕ АНОМАЛИИ

Во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина.
Најголемата брзина која ја регистрирал системот „Безбеден град“ е 231 километар на час. Автомобилот практично летал на скопската обиколница.

Прекршокот е регистриран на 1 декември, првиот ден откако стартува пробниот период на работа на системот.

Тој ден, како што информираше Министерството за внатрешни работи беа регистрирани над 65.000 прекршоци за 12 часа, а вкупно 110.000 прекршоци за 24 часа. Следниот ден бројот се преполовил на 50.652 прекршоци.

Од МВР информираа дека на вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

Според МВР, најмногу прекршоци за брзо возење се забележани на излезот од Скопје кон Тетово.