До 22 овој месе трае дополнителниот конкурс за упис во третиот циклус студии на Универзитетот Св. Климент Охридски.
На сите универзитетски единици – факултетите и институтите при Универзитетот има отворени вкупно 129 места за идни доктори на науки. На Технички факултет има по три места за Сообраќајно-транспортно инженерство и Машинство, 2 за програмата Инсдустриско инженерство и менаџмент и 3 за докторски студии по Графилко инженерство и дизајн.
На Факултетот за информатички и комуникациски технологии има вкупно 26 отворенуи места за докторски студии и тоа , 15 за Информатички науки и комјутереко инженерство и 11 за програмата ИТ менаџмент.
На Технолошко-техничкиот факултет во Велес отворени се 11 места за доктори по Иновативни технилогии и нутриционизам. На Економскиот факултет во Прилеп – 1 место е слободно за доктроската програма по Финансии, 3 за Менаџмент и 3 за Бизнис информатика ио 2 места се слободни за докторски студии по меѓународен бизнис.
Факултетот за туризам и угостителство во Охрид има слободни меса за 34 идни доктори на науки – 7 за Туризам, 12 за Менаџмент во услужен сектор и 15 за Царина и шпедиција.
На Педагошки факултет отворени се вкупно 7 места за идни доктори и тоа 2 за програмата Надареност и талентираност , 1 за програмата Настава по јазик и 4 за идни доктори по Менаџмент во образование.
Факултетот за безбедност во Скопје има слободни места за 11 доктори на науки по Безбедност.
Правниот факултет во Кичево пак годинава очекува најмноу 7 кандидати за докторски студии по Меѓународно право и меѓународна политика , 1 Казнено право и кривична правда и 3 месста за Административно право и администрација.
Факултетот за Биотерхнички науки има отворено 6 места за докторскистудии по програмата Технологија и безбедност на прехранбени производи , а Научниот Институт за тутун во Прилеп пак има отворено 3 места за доктори на науки по Технологија на производство и обработка на тутун и производи од тутун.
IУсловите и критериумите за конкурирање и запишување, спроведувањето на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии, документите за пријавување и запишување се врз основа на објавениот Конкурс за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2025/2026 ојавен на веб страната на Универзитетот, www.uklo.edu.mk.












