ТЕРА

REKLAMA???

„АЛЕКСАНДАР ЈАВА НА ЗАПАД” НОВ РОМАН ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

По точно 3 години од објавувањето на еден од неговите најуспешни романи – „Папокот на светлината”, кој веќе брои 6 изданија и му ја донесе на авторот големата меѓународна Толстоева награда, Венко Андоновски се враќа на сцената со „нов жанр”, кој самиот автор пародиски го именува како „чекајќи роман”.

                       

Што се случува кога поради љубов и неправда ќе оживеат два споменика на скопскиот плоштад, оној на Александар и оној на Гоце Делчев, па ќе тргнат да видат како денес изгледа светот? Што се случува кога Александар решава (со Гоце) да тргне на поход на Запад, наместо на Исток, зашто на Истокот веќе бил, а за Западот само слушал дека е подобар и од неговото некогашно царство? Се случуваат фасцинантна фарса, ведра гротеска, хумор до солзи, неочекувани пресврти, апсурди кои засмејуваат, бесмислици кои растажуваат…

Со овој роман Андоновски ја отвора можноста за повторно враќање на театарските сцени со нов сјај. Дотогаш на читателите им преостанува да се нурнат во пишаното.