ТЕРА

REKLAMA???

РАСКАПАНИ УЛИЦИ, НАГРДЕНИ УРБАНИ ОБЈЕКТИ – СЕ ЖАЛАТ ЖИТЕЛИ НА СТРЕЛИШТЕ

Жители на населбата Стрелиште во Битола деновиве упатија фотографии до ТВ Тера. Се жалат на лошата состојба на улиците во населбата, а посебно на улицата „Цане Бујуковски“. Велат дека од месната заедница досега повеќе пати се обраќале со барање за санација на улицата. Сепак, до сега ништо не е направено.

Ние сме единствена населба каде што улиците се исти од самото правење на населбата во 1981 год, велат жителите доставувајќи фотографии во прилог на нивната поплака.

Воедно се пожалија и на нагрдените урбани објекти во околината.