ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА СО РЕАКЦИЈА – ЗА НАВРЕДИТЕ НАМЕСТО ЈАВНА ОСУДА НАЗНАЧУВАЊЕ ВО УПРАВЕН ОДБОР

Токму во екот на кампањата 16 дена активизам градоначаникот на Битола назначи лице кое што претходно во време на кампања мене ме прогласи за умрена, реагира Габриела Илиевска од Поинаку.

„Тоа сметам дека е најнискиот чин кој што може да се направи против една жена. Јас во тој период лицето го пријавив и во МВР, но без страм истиот беше назначен на функцијата вршител на должност во управен одбор. Токму заради тоа беше мојата реакција бидејќи сме сведоци на секакви кампањи во кои има потпишување меморандуми, изјави од страна на функционери дека се против насилство, меѓутоа сметам дека со овој чин се покажа токму спротивното.
Тука морам да нагласам дека апсолутно од ниту една жена која што се занимава со политика во овие изминати денови откако тоа се објави јас не добив апсолутно никаква можеби не треба да го наречам тоа поддршка, меѓутоа да каже барем дека тој чин е страмен или пак во име на самата кампања на борбата против насилството да каже збор два.“-вели Илиевска.

Напротив ние бевме сведоци дека апсолутно незабележително помина сето тоа, вели Илиевска.

„Кампања против насилство се води само со јавно говорење и со јавна поддршка на жените кои што се жртви. Мислам дека со овој чин се изврши легитимирање на насилниците и дека тоа е страм за секој функционер. Не само за тој што го предложил туку ова е страм и за оние дигнаа рака и кои што истото го озваничија како одлука донесена на Совет на општина Битола. Затоа со оваа изјава сакам да се обратам до сите советници кои што поддржаа ваков чин каде насилник беше легитимиран од нивна страна, бидејќи секој од нив има свое име и презиме.“-вели таа.